Локално

Учесници од проектот „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство” во посета на Прилеп

Учесниците во проектот „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство", кој е дел од програмата на „Еразмус +" денеска ја посетија прилепската локална самоуправа каде се сретнаа со градоначалникот Илија Јовановски.

Станува збор за учесници и професори од шест земји и тоа од нашата држава и од Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија и Хрватска. Домаќин на проектот е прилепското средно економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу”, а целта е учениците да го согледаат светот на парите, економијата и на финансиите и да се поттикне претприемачкиот дух.

– Гостите доаѓаат од партнерски училишта преку проект добиен од програмата на „Ерасмус +”, а во кој се вклучени Македонија, Италија, Унгарија, Шпанија, Литванија и Хрватска. Покрај овој проект, нашето училиште има добиено и нови четири проекти, од кои два се координатори, добиени од нашата национална агенција и два се партнерски проекти. Всушност, ние сме партнери во проектите добиени преку други национални агенции од Полска и од Австрија, изјави директорката на средното училиште „Кузман Јосифовски – Питу”, Билјана Марковска.

Прелпскиот градоначалник ги информираше учесниците за можностите што им ги нуди Прилеп за и културно-историското и природно наследство.

– Во ноември ќе потпишеме четирипартитен договор од програмата „Еразмус +” и тоа помеѓу Прилеп и Архитектонскиот факултет од „Американ Колеџ„ како и Институтот за архитектура од Виена и Институтот за архитектура од Рим, Италија. Потпишаниот договор ќе значи давање планска документација, урбанистичко решение и планирање на Прилеп за наредните 50 години. Тоа е студија која ќе се направи за наредните генерации, без разлика кој ќе биде градоначалник и која политичка провениенција ќе биде на власт, да има основа за урбанистичкото решение за нашиот град, посочи Јованоски. /МИА

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content