Здравје

Адеми категоричен за вакцинацијата- еве само кои деца се ослободени

Со новиот Закон за основно образование, но и со стариот, е предвидено како обврска на родителите кога ќе ги запишаат нивните деца во прво одделение да доставаат и потврда за примање на задолжителни вакцини. Во мај информиравме дека треба да бидат примени сите пријави за запишување, но до 1 септември треба и вакцинација, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со вакцинацијата на децата при неговата посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Адеми истакна дека до крајот на септември училиштатата требало да известуваат до просветниот инспекторат колку ученици не се запишани, а би требало да бидат запишани.

-Податоците се обработуваат и кога ќе бидат финални, јас со тие податоци ќе известувам на посебна седница на Влада за уште еднаш да се навратиме на оваа прашање. Но, ние заедно со Министерството за здравтсво ветивме и стоиме на тоа, дека ќе има и теренска вакцинација за да се олесни начинот на вакцинирање на тие деца кои досега не примиле задолжителни вакцини. Дополнително, во 2014 или 2015 година имаме и одлука на Уставен суд за оваа прашање и тоа сме го споделиле со сите: со јавноста, со политичките партии, пратеници. Како министер за образование и наука, без да го видам и решението од Уставниот суд имав став дека секој мора да биде запишан во основно училиште. Но, откако го разгледавме оваа прашање и решението на Уставниот суд, тогаш со сериозен пристап дискутиравме на седница на Влада и ги усвоивме тие заклучоци, кои се во согласност со законските прописи. Во мај кажавме дека треба да бидат примени сите пријави за запишување, но до 1 септември треба и за вакцинација, рече Адеми.

Тој информира дека од вакцинација се ослободени тие лица и деца кај кои со лекарски наод е утврдено дека би им се влошила нивната здравствена состојба ако примат одредена вакцинација.

На новинарско прашање во врска со барањето на родителите на учениците од село Брњарци за превоз на нивните деца до училиштето во село Арачиново, министерот Адеми истакна дека секогаш е подготвен да дискутираат за да најдат решение, дури и во одредени ситуации кога проблемот не е до Министерството за образование и наука.

-Организирањето на превозот на учениците е во надлежност на општините. Оваа прашање е во надлежност на единиците на локална самоуправа и општините во рамки на нивните обврски што ги имаат, треба да го организираат превозот на децата. Но, не се двоумам да се сретнеме со родителите и да го дадам мојот придонес и вон моите надлежности за да се изнајден некакво решение што ќе биде во интерес на децата и нивните родители, рече министерот Адеми.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content