Локално

Општина Прилеп е дел од ENABLE

Општина Прилеп стана партнер во проектот ЕРАЗМУС +, „ENABLE“. Проектот
подразбира интегративност во стратешката мултисекторска перспектива на
градот, со цел да произлезе и да се изгради одржливоста врз социо-економските и
секторски приоритети, политики и стратегии.

Со оглед на тоа дека Прилеп бил предмет на бројни набљудувања во претходните
години, тој е избран за студија на случај. Процесот подразбира двегодишна
меѓународна соработка на институции од Македонија, со три високообразовни
институции од ЕУ како партнери.

Проектот е фокусиран на европските трендови кои ги промовира Факултетот за
архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ Колеџ“, а пристапот третира
настава, односно планирање на одржлив град низ неговиот урбан и економски
раст и развој, социјална инклузивност, технолошки иновации, културно и природно
наследство, туризам.

Очекуваниот финален документ ќе содржи стратешки насоки, кои ќе бидат основа
за понатамошен развој на планската документација за Прилеп, односно неговиот
стратешки документ – новиот Генерален урбанистички план.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content