Економија

Какви ефекти ќе има од новото покачување на минималната плата?

Значителен товар за 2/3 од работодавачите кои исплаќаат минимална плата ќе донесе зголемувањето на 14,500 денари, додека кај 1/3 ќе се формализира досегашното давање плата во плико. Според анализите кои ги направи Фајнанс Тинк, максимумот за да не се загрози продуктивноста беше зголемување до 13,500 денари. Затоа бараат Владата уште еднаш да ја преиспита одлуката , согледувајќи ги реалните состојби во економијата.

– Зголемувањето на минималната плата треба да се гледа паралелно со Законот за субвенционирање на платите. Тоа е значајно од два аспекти, Законот ќе придонесе за општ пораст на платите, а при тоа ќе биде потребно да се зголеми и оптималното ниво на минималната плата. А од втор аспект овој пораст на минималната плата голем дел од работодавачите ќе го финансираат токму преку Законот за субвенционирање на плати – изјави Благица Петрески, Finance Think.

Бараат фокус да се стави на продуктивноста и ефикасноста на нископлатените работници, затоа што само тоа е сигурен пат за раст на економијата и платите.

– Дали ќе затворат дел од компаниите ќе зависи дали ќе можат да го издржат товарот по истекот на рокот за субвенционирање на придонесите, додава Петрески

Владата да внимава со зголемување на минималецот препорачаа и од Светска банка. Без пораст на продуктивноста, платите не можат да растат. Арегументот за Владата за зголемување на минималецот е дека мора да се задржат работниците, да се спречи иселувањето од земјават, затоа што работна сила има се помалку. Очекуваат со порастот на минималецот да се зголемат и останатите плати, за да не се намали мотивираноста и продуктивноста и кај овие работници. Затоа од ноември тие, наместо газдите, ќе ги плаќаат придонесите, освен персоналеоц, за работниците кои ќе добијат покачување до 6,000 денари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content