СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Органските производители ги добија субвенциите

Органските производители добија 1,3 милиони евра на своите сметки.

Парите се исплатени на скоро 640 земјоделци кои поднеле барање за средствата од програмата за рурален развој. Тие имаат право на 30 до 100  проценти поголеми субвенции од другите фармери.  

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството на сметките на 638 органски производители исплати скоро 1,3 милиони евра.

Средства се исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, овци, говеда и пчели.

Субвенциите  се  исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Органското производство финансиски се поддржува со 30 проценти повеќе од примарното, градинарите го остваруваат условот за 100, а лозарите и овоштарите добиваат 70 проценти поголема субвенција.

Дополнително имаат право и на половината од трошоците за сертификатот за органски производи.

Во Македонија има 3.090 хектари под органско производство, а регистрирани се повеќе од 600 земјоделци и оператори кои се занимаваат со оваа дејност.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content