СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Владата им нуди 10 отсто повисоки плати на просветарите

10 отсто покачување на платите од април ќе добијат просветните работници, но последниот збор дали ќе има генерален штрајк ќе го има СОНК.

– Платите ќе бидат покачени за дополнителни 10 отсто во дејноста образование почнувајќи од основно, средно, високо образование и наука. Во 2018. имавме 5 отсто покачување, во 2019 од септември доплнително покачување и априлската плата во 2020. ќе биде со 10 отсто дополнително покачување на платите, вели министерот за образование, Арбр Адеми.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека синдикатот мора да расправа врз анализите и добиените резултати.

– Лично како човек, а не како претседател на СОНК секогаш се трудам и тежнеам кон нешто повеќе во однос на сегашното, што е нормално и човечки. Така што сметам дека може и повеќе. Моето очекување е дека може процентот да биде повисок. Меѓутоа, ние сме тие кои што бараме, а Владата е таа која што одлучува дали ќе добиеме или не, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content