Здравје

„Слоу фуд салон“ ќе се одржи на 18 и 19 октомври

Салонот ќе се одржи на  18 и 19 октомври во хотелот „Александар палас“, Скопје.  Производителите ќе имаат можност да ги изложат и продаваат своите производи и лично да им ги раскажат приказните на посетителите што ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и да дегустираат од прва рака.

Производителите може да се пријават за салонот, а овде може да ги прочитаат и условите за учество.

Храната е енергија што секојдневно му е потребна на нашето тело. Таа е уживање на трпезата, култура што ги зближува луѓето. Во ерата на глобалната трговија, храната е сведена на ниво на стока за економска размена и е моќно оружје во рацете на големите индустрии. Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите. Храната поттикнува промени во свеста кај консументите. Храната е движење!, истакнуваат од „Слоу фуд Македонија“.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content