СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Рокови за плаќање на закупнина

Земјоделците кои не ја платиле закупнината за користење на државното земјоделско земјиште обврската треба да завршат во најкус можен рок. Ова важи за новите закупувачи, а другите, долгот треба да го намират до крајот на годинава.

Земјоделците, кои склучиле договор со државата за закуп на државно земјоделско земјиште, а кои се уште не го подмириле долгот, треба што поскоро да ја извршат уплатата, информираат од Министерството за земјоделство.

Оттаму потсетуваат дека рокот за плаќање на закупот за новите закупувачи е до 31 јули, а за постарите до 31 декември во тековната година.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес ги потсетуваат земјоделци дека за секое задоцнето плаќање после рокот, одредбите предвидуват да се пресметува казнена камата.

Согласно законот, доколку не се подмири долгот навреме по добивањето на опомената за плаќање, се предвидува и раскинување на договорот.

По основ на закупнина  на земјоделско земјиште во државна сопственост, лани во буџетот биле собрани 6 милиони евра.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content