СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Најнова метео прогноза за претстојната зима

Според најновите направени анализи со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), оваа зима врнежите од дожд и од снег воопшто нема да ни фалат.

Месеците декември, јануари и февруари ќе бидат исполнети со врнежи и тие ќе бидат натпросечно високи, што значи дека и дождот, а и снегот нема да ни недостигаат. Не само кај нас, туку во целиот регион очекуваме чести врнежи од дожд и снег  и вистинска снежна бајка.

Температурите ќе бидат малку над просекот, што значи не очекува поблага зима, но со многу повеќе снег за разлика од изминатите години. Секако дека поларниот вртлог повремено и кај нас ќе придонесува екстремно ниски температури на воздухот.

Оваа зима повторно целиот регион, но и нашата Македонија ќе стравува од нови временски непогоди, кој стануваат се посилни и посилни. И оваа зима ќе стравуваме од појава на поплави и свлечишта поради очекуваните чести и обилни врнежи од дожд и снег.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content