Култура

Исполнети се само 30% од мерките за справување со аерозагадувањето!

Со цел справувањето со аерозагдувањето посериозно да почне посериозно да се третира и неговото решавање да стане приоритет на владите од целиот регион, денес беше организирана првата регионална прес-конференцијa. Извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска појасни дека ваквите регионални конференции во иднина ќе се одржуваат низ земјите од регионот.

„Проблемите со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан поврзани со аерозагадувањето се заеднички па и напорите да се справиме со него мора да бидат заеднички со останаите земји“, појасни Чоловиќ Лешоска

Покрај неа, присутен беше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули кој ги претстави досегашните резултатите од планот за справување со аерозагадувањето на Владата.

„За првпат оваа земја има конкретен план за справување со загадувањето кој е спомнат и во последниот извештај од Европската Комисија“, изјави министерот.

Прашањата на новинарите главно беа упатени кон слабите резултатите од досегашните напори и реформи на кои министерот се бранеше со фактот дека ова ќе биде еден долг, тежок и скап процес кој нема веднаш да донесе чист воздух.

„Значајно е да се напомене дека владата напорно работи на носење нови закони и дека најпосле зборуваме за решенија, а не само за проблемите“, рече Макрадули.

Тој ги претстави сите напори и реформи кои владата ги презема со цел решавање на овој проблем на национално ниво. Сепак, како што вели самиот, процесот е тешок и треба трпение и доверба во институциите.

Во поглед на индустриското загадување тој изјави дека се повеќе компании објекти, меѓу кои и рудникот во Осломеј, се пријавиле на повикот за поставување соларни панели. Но решенијата за сообраќајот и дивите депонии, тој вели, за сега се минимални и неуспешни.

„Законот за ставање налепници на старите автомобили кои испуштаат штетни гасови е донесен, но тој амандмански беше сменет и тие можат да се залепат само по желба на сопственикот на автомобилот“, се бранеше министерот.

За времетраењето на конференцијата, се одржа уште една герила акција на движењето „Петоци за иднината/FridaysForFuture“ на која група млади со транспаренти покажаа дека нивните барања се уште се игнорирани. Тие изреволтирани влегоа на прес-конференцијата каде директно пред министерот го изразија својот револт дека со конференции не се решава аерозагадувањето во државата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content