Здравје

Се укинуваат квотите за лекови

Аптекарските квоти за лекови се укинуваат од утре и се воспоставува нов електронски систем, со што граѓаните ќе можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, беше соопштено на денешната прес-конференција одржана во Владата.

Лековите ќе бидат достапни во текот на целиот месец, со што, според Владата, ќе се спречи создавање домашни залихи од лекови кај пациентите кои се плашат дека може да го снема нивниот лек, како и можни злоупотреби. Граѓаните кои сакаат да подигнат одреден лек, од утре ќе бидат легитимирани кај матичните лекари и во аптеките.

Лековите ќе можат да се подигнат само со лична карта, за Фондот за здравствено осигурување да ја следи потрошувачката во реално време. Лекови ќе можат да се земат истечена лична карта.

Новиот електронски систем треба да овозможи еднакви правила за работа за сите аптеки, елиминирајќи го фаворизирањето. Од Фондот најавуваат и измени во електронскиот систем за мерката да се спроведе според планот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека пилот-проектот спроведен летово поминал успешно, а премиерот, Зоран Заев, испрати апел до граѓаните, но и до фармацевтите, за совесно работење.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content