Технологија
Швајцарија ги воведува 5-Г услугите

По Јужна Кореја, и Швајцарија е една од првите земји во светот што ја воведува 5-Г технологијата, мобилна инфраструктура и систем што периодов се во средиштето на технолошкиот судир меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.
Тоа, пак, предизвика протести во земјата. Противниците во Швајцарија се плашат од наводно штетното електромагнетно зрачење на новата технологија за кое говорат некои американски експерти. Во неколку швајцарски градови се покренуваат и петиции против 5-Г.
И швајцарскиот Сојуз на лекари се залага за внимателност и претпазливост, објаснувајќи дека „додека не биде научно докажано дека зголемувањето на максималната вредност на постојното зрачење нема да има влијание на здравјето на луѓето, таа не треба да се зголеми”.