СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколку авион за нашите сограѓани

„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно?

Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и оговара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел.

Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content