Култура

Пензионерите го одбележаа својот празник

Секоја година се одбележува 20 септември – Денот на пензионерите на Македонија. Главна манифестација е Републичката пензионерска спортска олимпијада, на која учествуваат пензионери спортисти од речиси сите здруженија на пензионери членки на сојузот. Оваа, една од најмасовните манифестации, ќе се одржи на 22 септември во Радовиш.

Годинава првпат по овој повод беа доделени благодарници за хумани активности поврзани со подобрување на стандардот на пензионерот.

Пред доделувањето, претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, зборуваше за значењето на Сојузот со акцент на хуманитарните активности. Благодарници добија здружението на пензионери од Прилеп, здружението на пензионери од Крива Паланка, Доброволното пензионерско демирхисарско здружение од Сиднеј, Австралија, за донација за отворање клуб во ЗП-Демир Хисар, берберот Реџеп Демишоски од селото Подгорци, кој ги потшишува болните и снеможени пензионери во нивните домови, како и матурантите од Подгорци и општествено корисната компанија „Зегин“, која долги години ги помага на разни начини пензионерските активности и пензионерите.

Добитниците беа на предлог на редакцискиот одбор на пензионерскиот весник „Пензионер плус“, прилогот во весникот „Нова Македонија“, „Пензионерски видици“ и страницата за пензионери на албански јазик „Коха“. Меѓу добитниците можеа да бидат и уште многу други здруженија и компании, но ќе има уште прослави и поводи. Прослави и одбележувања имаше и во здруженијата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content