Земјоделие

Нов закон за тутун

Долгото топло лето им погодува на тутунарите за да ги соберат најквалитетните берби.

Од следната година ќе важи и  новиот закон за тутун. Со него треба да се укинат евидентните листови. Со законот се уредува и пазарот на електронските цигари според европските директиви.

Новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови за производството од 2020 година со што ќе се намалат сегашните административни процедури.

Тутунарите ќе треба да склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Откупувачот ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција и податоците да ги достави до подрачните единици на министерството.

Закон за тутун има и нови области кои се однесуваат на несогорливи производи од тутун и електронски цигари, материја која не е уредена со ниту еден постоечки закон,со цел таа да се усогласи со европската регулатива како и за одредување на висината на акцизите кои  се наплаќаат од 1 јули годинава.

Со новите законски одредби склучените договорите меѓу тутунарите и откупувачите треба да бидат јавно објавени најдоцна до 28 февруари во тековната година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content