Спорт

Околу 2,5 милијарди евра ќе поделат 80-те клуба од групните фази

Осумдесетте клуба што сезонава ќе настапат во групната фаза на Лигата на шампионите и во Лига Европа направиле 58 отсто од целокупното глобално трошење за трансфери летово. Тоа го вели Европската фудбалска унија (УЕФА), во својот прв извештај за учесниците во европските купови, во кој детално ги разгледува сите 80 клуба што ќе играат во групните фази сезонава (32 во Лигата на шампионите и 48 во Лига Европа).

Според УЕФА, 80-те клуба вложиле околу 3,98 милијарди евра за нови фудбалери, што е 55 отсто повеќе отколку во минатиот летен преоден рок, а заработиле 3,72 милијарди.
Според УЕФА, напаѓачите и одбранбените играчи направиле 70 проценти од сите трансфери летово, 25 отсто биле плејмејкери, а пет проценти голмани. Околу 43 отсто од клубовите поставиле клупски рекорди. На играчите на возраст помеѓу 21 и 24 години отпаѓа речиси половина од сите трансфери (47 отсто), седум проценти од летните трансфери ги направиле фудбалери повозрасни од 28 години, а 17 отсто помлади од 21 година, пишува УЕФА.

Во увидот за клупските профили УЕФА објавува дека 80-те клуба пријавиле вкупни приходи од 11,7 милијарди евра и оперативна добивка од 817 милиони евра и вкупна вредност на тимовите од 11,7 милијарди евра. Тие заедно покриле 58 отсто од глобалното трошење во летниот преоден рок.
Според извештајот, 14 отсто од приходите на 80-те клуба се од наградите на УЕФА (исплати на парични награди во текот на последната фискална година до јуни 2018 или до декември 2018 година, што се рефлектира на сезоните кога некои клубови не се квалификувале за плаќања во групна фаза), 28 отсто од ТВ-права, 36 проценти од спонзорства, реклами и други комерцијални зделки, 17 отсто од продажба на влезници и пет проценти други приходи.

За новата сезона УЕФА ќе има награден фонд од околу 2,5 милијарди евра за 80-те клуба во групните фази (1,9 милијарда за ЛШ и 600.000 за ЛЕ).
УЕФА во овој извештај објави и тоа дека, на пример, 20 од дуелите во квалификациите сезонава биле решени според правилото за постигнати голови на гости, 10 биле решени со продолженија, седум на пенали, а девет тима елиминирани во квалификациите за Лигата на шампионите се пласираа во групната фаза на Лига Европа.


Рекорд на интернет-страницата на Ливерпул

Клупската интернет-страница на англискиот премиерлигаш Ливерпул со успехот во Лигата на шампионите и освоената континентална титула стана најпосетуваната страница во текот на минатата година, пишува во Извештајот на Европската фудбалска унија (УЕФА) за 80-те клуба што ќе играат во групните фази во новата сезона во европските купови, Лигата на шампионите и Лига Европа. Тие 80 клуба имале 8,4 милијарди интеракции на социјалните мрежи (лајкови, споделувања или коментари).


Реал Мадрид води на социјалните мрежи

Според извештајот на Европската фудбалска унија (УЕФА), за 80-те клуба што ќе играат во групните фази на европските купови сезонава, шпанскиот гигант Реал Мадрид имал најмногу следбеници на социјалните мрежи, 222 милиони во моментот на извештајот. Од другите податоци, Ајакс бил најефикасниот тим во минатата домашна сезона со 3,5 гола по меч, Шахтер ја имал најдобрата одбрана со 0,34 примени гола по натпревар, Барселона имала најмногу вкупно гледачи, 1,44 милион, итн. Мечевите во групните фази во европските купови сезонава ќе се играат на 24 стадиони, со капацитет од барем 50.000 гледачи, а вкупниот просечен капацитет е 41.278 места.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content