Политика

Рушењето на дивоградбите во Охрид стартува до крајот на месецот

Охридскиот градоначалник  е оптимист дека до 1 февруари ќе бидат исполнети барањата на Унеско. Георгиески вели дека има прогрес во однос на планот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион,  а кон крајот на месец септември ќе започне рушењето на дивоградбите. Акцијата како што дознаваме ќе стартува од активните градби на нелегалните објектите а ќе продолжи со сите останати дивоградби долж крајбрежјето и ќе трае со месеци.

Покрај Охрид и Струга има свои задачи кои треба да ги исполни поврзани со крајбрежјето, за да се достигне целта и да се исполнат  препораките на Унеско .

Георгиески ги повика угостителите сами да започнат со отстранување на дивите платформи и  тераси покрај езерото, во спротивно тоа ќе го направи општината на нивна сметка.

Инаку Охрид има рок до февруари наредната година да ги спроведе препораките за заштита на природни богатства и  да состави нов извештај за зачувување на имотот, кој ќе биде разгледуван од Комитетот за светско наследство на Унеско на 44-та сесија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content