Спорт

Деби на македонските одбојкари на ЕП

онечно дојде и толку очекуваниот 12 септември, ден кој ќе биде впишан во историјата на македонската репрезентативна одбојка, како ден на кој за прв пар Македонија настапува на завршницата на Европскиот шампионат.

Минаа долготрајните (повеќе од) 2,5 месеци подготовки, па денеска црвено-жолтите ќе го играат првиот меч на шампионатот.
Македонската репрезентација на шампионатот кој за прв пат брои 24 учесници, а ќе се игра во четири земји, нашата селекција ќе настапува во групата Ц во Љубљана (арена „Стожице“)
Прв противник на црено-жолтите е Финска која досега има 17 настапи на Европските првенства, а највисокиот пласман го оствариле на првенството во Москва 2007-година кога завршија на 4.место.,
Дуелот меѓу Македонија и Финска кој ќе започне до 17:30 часот е втор во нашата група во која денеска ќе се играат и средбите, Турција – Русија (од 14:30 часот) и Словенија – Белорусија (од 20:30 ч.)
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕП 
МАКЕДОНИЈА – Финска (12 септември, 17.30 ч.),
МАКЕДОНИЈА – Турција (13 септември, 17.30 ч.),
МАКЕДОНИЈА – Русија (14 септември, 17.30 ч.),
МАКЕДОНИЈА – Белорусија (16 септември, 20.30 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Словенија (17 септември, 17.30 ч.).
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
Skip to content