СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Најголемиот е-спорт настан оваа година во онлајн издание (ВИДЕО)

Традиционално, трета година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK,  го организира најочекуваниот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest, оваа година на 19 и 20 декември во онлајн издание.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен онлајн викенд за гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите оние кои уживаат во гејмингот. Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите League of Legends, Fortnite, Tekken 7, Fifa21 како и забавниот Cosplay натпревар.

 

Пријавувањата за игрите започнува на 10 декември, а почеток на квалификациските натпревари е закажан за 12 декември. Финалето на настанот ќе се оддржи на 19 и 20 декември, кога сите љубители ќе имаат можност да го следат највозбудливиот дел на годинешното гејминг доживување.

https://youtu.be/4H3SEwW8IAg

Оваа година квалификациите ќе се одржат ONLINE, додека пак финалните натпревари на најдобрите тимови и играчи ќе се одвиваат во живо, без публика под строго определени мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директен пренос може да се следи на Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

Со уште побогат фонд на парични награди, многу изненадувања и подароци за онлајн публиката, ова издание е чекор поблиску до светските е-спорт настани.  За детали околу  пријавувањето, учество во квалификациите, начинот на гласање како и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте на A1 Game Fest | Facebook.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content