СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Македонија освои 68 медали на Балканското првенство во кик-бокс

Македонија освои 68 медали на 15. Балканско првенство во кик-бокс, што се одржа во Скопје. Од освоените 68 медали, шест се златни, 21 сребрен и 41 медал е бронзен. Ова е еден од најголемите успеси на македонските спортисти во поединечните натпреварувања.

Златни медали освоија Димитар Ѓеорѓиев, Мила Тодорова, Силвио Мировски, Славе Делиовски, Олгица Орешкова… Тие се издвоија и како најдобри кик-боксери во првенството.

Македонија медалите ги освои и во женска и во машка конкуренција, во категориите помлади јуниор и постари јуниори, сениори, помлади кадети, постари кадети, и во различни класи, поделен и според килограмите на натпреварувачите.

На Балканското првенство учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија и Турција.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content