СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Фармерите ќе ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи

Фармерите и малите производители ќе можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи и нема да зависат од откупувачите, но притоа ќе мора да ги исполнат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми пропишани во новиот Правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија истакна дека при изработката на Правилникот биле консултирани сите засегнати страни и оти во него се вградени поголем дел од забелешките.

– Фармерите и малите производители ќе можат да произведуваат производи од животинско потекло согласно условите што треба да ги исполнат и нема да зависат од откупувачите, бидејќи ќе може да ги пласираат до крајните потрошувачи или да ги понудат во некој маркет. Целта е да се олесни односно да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да ги задоволат одредените хигиенски критериуми согласно Правилникот, појасни Атанасов.

Со Правилникот се овозможува и медот како примарен производ да се пласира на целата територија на државата.

Правилникот ќе се презентира пред примарните одгледувачи со цел тие поблиску да се запознаат со критериумите што треба да ги исполнат за да можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content