Технологија

Хуавеј го најави оперативниот систем кој може да го замени Андроид

Хуавеј претстави сопствен оперативен систем за паметни телефони, за кој вели дека може да го замени Андроид доколку со американските санкции на кинескиот технолошки гигант му биде укинат пристап до системот на Гугл.

Хуавеј технолоџис наведе дека првиот уред кој ќе го користи системот ХармониОС ќе биде претставен утре.

Шефот на потрошувачкиот оддел на Хуавеј, Ричард Ји изјави дека компанијата сака да користи Андроид, но дека може веднаш да се префрли на ХармониОС доколку изгуби пристап до широко користениот американски систем.

Вашингтон тврди дека Хуавеј претставува безбедносна закана, што компанијата негира и и воведе ограничувања за пристап до американската технологија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content