Здравје

Укинувањето на квотите за лекови ќе важи само за месец август

Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека лекови на рецепт може да се подигнат во аптеките со идентификување со лична карта или пасош. Доколку некој не е во можност сам да го подигне лекот, истото може да го стори друго лице, но повторно со прикажување документ за идентификација. Ова го соопштија од Фондот еден ден по изјавата на министерот Филипче во врска со квотите на лековите и рецептите во туристичките места.

Министерот Филипче се дообјасни на социјалната мрежа Фејсбук, на која напиша дека начинот на издавање рецепти останува ист како досега. Сите лица кои не можат да подигнат лично лекови, можат истото да го сторат членови на нивните семејства.

Од денеска нема квоти за лекови во туристичките места, односно во Охрид, Струга, Ресен, Гевгелија и Дојран. За останатите граѓани во земјата, оваа мерка почнува да важи од септември или октомври.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content