Спорт

Светски куп и Европското првенство во моделарство на спортскиот аеродром кај Прилеп

Стотина учесници од 19 европски земји деновиве беа дел од Европскиот шамионат за јуниори во спортско воздухопловно моделарство што заврши синоќа со доделување трофеи на најдобрите.

Според директорот на шампионатот, Здравко Тодороски веќе 20 години спортскиот аеродром нуди едни од најдобрите услови за меѓународни натрпреварувања. Деновиве, освен европскиот шампионат, се одржа и Светски куп.

-На спортскиот аеродром кај Прилеп се одржуваа два врвни спортски настани. Едниот е Светскиот куп на воздухопловно спортско моделарство „Прилеп куп трофеј на Прилеп”, а вториот е Европското првенство во спортско моделарство во категоријата воздухопловни модели за слободен лет. Тоа беше уште еден празник на воздухопловните спортови. Ја збогативме ризницата на македонските воздухопловни спортови за уште еден врвен настан. Овде се одржува веќе трет шампионат. Тоа е голем успех, голема добивка и доверба на меѓународната воздухопловна федерација.

Според него, продефилираа околу 220 спортисти од оваа област, дел на Светскиот куп, а дел на Европското првенство.

-Тоа се спортисти од вкупно 20 држави, а на Европското првенство учествуваа 19 држави. Млади, докажани спортисти на возраст до 18 години се боера за трофеите од Европскиот шампионат. Сите го потврдуваат фактот дека локалните метео услови, теренот, отсуството на препреки, па и контролираниот ветер, придонесуваат овој терен да биде посебен, специфичен и најсоодветен за воздухопловното моделарство и постигнувањето врвни резултати. Има високи летови и по лансирањето на моделите, тие слободно летаат, без далечинска команда, рече Тодороски.

Јан Каинс од Меѓународна водухопловна федерација кој првпат во Прилеп, ги истакнува одличните услови на теренот. – Оваа локација е одлична, има простор, нема големи опструкции. Одлична е и  организацијата, добри се услови за летовите на моделите, многу сум задоволен, рече Каинс.

Натпреварувачите, јуниори на Европскиот шампионат сметаат дека ова е спорт на трпение, исчекување, не е евтин, но останува како хоби засекогаш. – Многумина дојдоа на ова Еевропско првенство. Ова е напорен и скап спорт. Мора да се тренира константно. За моделите се потребни една до две илјади евра. Магијата е во исчекувањето на добро време, да се има трпение, да не се брза. Целта е барем три минути моделот да биде во воздухот. Ова е еден од најдобрите терени каде што сум бил, рече Стефан Ракасану од Романија.

Александар Цветаноски од Македонска репрезентација смета дека одлично се докажуваат. – Веќе 10 години се занимавам со овој спорт. Го сакам поради љубовта кон воздухопловството и кон моделите. Ова ми е второ европско првенство, а учествував и на две светски првенства за јуниори и на светско за сениори во Унгарија минатата година, нагласи Цветаноски од Аероклубот од Охрид.

Ванеса Николаева Вескова од Бугарија напомена дека од петгодишна возраст се занимава со овој спорт. -Бев мајстор на спортот за 2017 година. Ова хоби го наследив од дедо ми кој е мој личен тренер, изјави Николаева Вескова.

Витек Креслер од Чешка објаснува дека моделите може да се купат, но и да се направат. – Со овој спорт сум веќе 13 години. Имав пет години кога татко ми ме однесе на аеродром. Совршен спорт е за новите генерации бидејќи е спорт на техники. Моите модели половината се купени, а другиот дел сам го направив, рече Креслер.

Според Јакопо Пегонзи од Италија ова е напорно хоби. – За овој спорт е потребно трпение, да го погодиш вистинскиот момент за летање на моделот. Мора да излезеш многу рано наутро, нагласува Пегонези. /МИА

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content