Економија

Невработеноста во ЕУ е три пати пониска од Македонија

Невработеноста во земјава е три пати  повисока  од  европскиот просек.  Процентот на  невработени во Македонија е 17, 8 , а според последниот извештај на  Еуростат во земјите членки на Унијата просекот е 6,3 проценти.

Според домашните експерти за да се достигнат европските бројки на земјава ќе и бидат потребни повеќе години.

Нивото на инвестиции сеуште не е доволно, а на економскиот развој треба уште многу да се работи. Вработувањето  главно е во јавната администрација и мал дел во приватните  фирми.

Според извештајот на Еуростат со најниска невработеност во Унијата е Чешка. Таму само 1,9 отсто од жителите се без работам. Со највисока Грција 17, 6.  Според бројките може да се види дека  невработеноста во земјава е повисока и од најлошо рангираната членка на ЕУ.

Во споредба  пак со земјите од  Западен Балкан, Македонија  подобро стои од БИХ и Косово кои имаат највисоки  стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content