Политика

Дарко Панчев во Комисијата за одликувања и признанија на претседателот

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.

Од кабинетот на Пендаровски соопштија дека за претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.

„Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на Претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за Република Северна Македонија“, додаваат од таму.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content