Технологија

Samsung го претстави новиот таблет Galaxy TAB S6

Една седмица пред да го објави новиот телефон од Note серијата, Samsung ги претстави новиот таблет – Galaxy Tab S6. Највоочлива карактеристика е Super AMOLED екранот со дијагонала од 10.5 инчи и резолуција од 2560 на 1600 пиксели. Новиот таблет е тежок 420 грама.

Во однос на врадените мемории, таблетот има две верзии: 6GB RAM со 128GB внатрешна меморија и 8GB RAM со 256GB внатрешна меморија. Таблетот има лежиште за MicroSD мемориска картичка со максимален капацитет од 512GB. Galaxy Tab S6 го користи последниот процесор од Qualcomm – Snapdragon 855. Вградената батерија има капацитет од 7040mAh, што треба да ви овозможи до 15 часови на видео плејбек. Таблетот ќе биде достапен во три бои со имиња како “Cloud Blue”, “Mountain Gray” и “Rose Blush”.

Таблетот има една камера на предната страна со резолуција од 8 мегапиксели, додека на задната страна има две камери (13MP и 5MP) за да можете да фотографирате со таблет, бидејќи телефоните не се доволно големи.

Galaxy Tab S6 има 4 звучници (конфигурирани од AKG), USB-C конектор, но нема конектор за слушалки. Со таблетот доаѓа и S Pen пенкалото кое може да се закачи на задната страна на таблетот. Цената на таблетот започнува од 650 долари и не доаѓа со вклучена тастатура, која ќе чини 180 долари.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content