Политика

Зголемување на платите за социјалните работници

Денеска во Клуб на пратеници, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се сретна со вработените од областа на социјалната заштита. Таа рече дека се радува што по многу години има драстично зголемување на платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата, којашто е исплатена сега, во јули, во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето-износ во пресек по вработен – изјави Царвоска.

Со зголемувањето, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето-платата расте од 23.196 на 27.512 денари. Со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж, платата за ова звање изнесува 29.575 денари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content