Технологија

„Фејсап“ – забавна апликација или шпиoнска алатка

Последниве неколку дена апликацијата „Фејсап“, која овозможува подмладување или стареење на ликот на корисникот, стекна голема популарност низ светот.

Меѓутоа, телефонска алатка предизвика и страв и тревога во САД, а во писмо објавено на Твитер американскиот сенатор Чак Шумер ја нарече апликацијата „длабоко вознемирувачка“, бидејќи личните податоци на корисниците би можеле да завршат во рацете на „непријателски странски сили“, пренесува Би-би-си.

Од „Вајарлес Лаб“, компанијата што ја направи апликацијата, а која е лоцирана во Санкт Петербург ги отфрлија ваквите обвинувањата, негирајќи дека ги складира сликите и податоци на нејзините корисници.

– Сериозно сум загрижен во врска со заштитата на податоците на корисниците, како и дали тие воопшто се свесни кој има пристап до нив – пишува во писмото Шумер.

Тој побара истрага од ФБИ откако Демократскиот национален комитет, наводно, ги предупреди претседателските кандидати за 2020 година да не ја употребуваат апликацијата.

Францускиот истражувач на безбедноста со псевдоним Елиот Алдерсон, по спроведеното кратко истражување, информира дека не открил никакви докази дека апликацијата ги краде податоците на корисниците, туку само го регистира моделот и името на уредот, нешто што е за очекување во оваа доба. Стравот, според Андерсон, потекнува од фактот што апликацијата е направена од руска компанија. „Фејсап“ има повеќе од 80 милиони корисници низ целиот свет.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content