Политика

Сугарески: Првите километри од автопатот Скопје – Блаце ќе се изградат годинава

Ревизијата од Градежниот факултет го заглави автопатот Скопје – Блаце. Надлежните ја чекаат анализата на проектот за да можат да објават тендер и да се избере компанија која ќе ја гради делницата. Министерот Сугарески очекува Градежниот факултет да ја заврши ревизијата што е можно побрзо.

-Очекувам првите два километри оваа година да бидат почнати. За другите 10 и пол сум кажал дека се работи на тој проект. Очекуваме до наредната година да биде завршено проектирањето за да може по завршувањето на овие два или паралелно со нив, да почне и со тие 10 и пол километри, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески очекува и забрзување на изградбата на Кичево – Охрид откако Ексим банката одлучи да продолжи да го финансира проектот. Министерството добило потврда дека 187 –те милиони евра се одобрени. Станува збор за средства кои се плус првично предвидените 411 милиони, но се неопходни за завршување на автопатот поради грешките во проектирањето.

-Планираме наредната година да се обидеме тие 30 километри кои што од Охрид до Врбјани да ги оспособиме да може да се вози по тој пат, практично половина од тој автопат да биде во функција. А другите, согласно рокот, јули 2021 да бидат целосно завршени, рече Сугарески.

Во моментот се прави и анализа за приватизација на Македонски железници – Транспорт. Таа треба да биде готова на есен и тогаш ќе се знае како ќе се одвива целиот процес.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content