СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Анкета на ИРИ за реформите во образованието

Додека министерката за образование Мила Царовска самата за себе тврди дека ја ужива максималната поддршка во сите т.н. реформски чекори што ги прави, малку од медиумите забележаа дека граѓаните дури и во официјалните анкети не го мислат тоа.

Имено последната, објавена од ИРИ вели дека токму две третини од испитаниците или 67 проценти дале лоша оценка за квалитетот на образовниот процес за време на корона пандемијата. 23 отсто од испитаниците одговориле дека образовниот процес за време на кризата воопшто не се променил, а само 8 отсто сметаат дека наставата во време на пандемија се подобрила.

Царовска пак, континуирано ја убедува јавноста дека работи како што треба, а на крајот на учебната година се пофали дека „наставата и покрај пандемијата била квалитетна, а учебната година завршила успешно“. Ова наиде на жестоки реакции од родителите оти сериозно добар дел од нив не успеаја да им обезбедат услови за онлајн учење на сопствените деца, а тоа не го направи ниту државата.

 

Дали Царовска ја виде анкетата и што ќе преземе, коментар нема.

Инаку во однос на довербата која граѓаните ја имаат кон образовните институции, 46 проценти одговориле дека не им веруваат. 20 отсто одговориле дека воопшто не им веруваат, а 26 проценти рекле дека делумно не им веруваат. Од друга страна 43 отсто од испитаниците одговориле дека делумно веруваат во образовните институции, а само 7 процнети дека довербата е целосна.

Во однос на образовниот процес, најслаба доверба тој има во Општина Гостивар. Таму 20 проценти од жителите одговориле дека најголем проблем со кој се соочуваат е токму образованието. На прашањето дали денешната генерација на млади луѓе има иднина во вашата земја, близу 80 проценти од испитаниците одговориле негативно, што е за два процентни поени повеќе од минатата година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content