Земјоделие

До крајот на јули земјоделците ќе ја добијат зелената нафта

До крајот на јули првите земјоделци ќе добијат зелена нафта. Поевтината нафта ќе може да се набаува на бензиските а Макпетрол, а компанијата има рок од најмногу 60 дена да ги подготви картичките со кои земјоделците ќе купуваат гориво за својата механизација.

„Ќе може да ја користи само лицето на чие име гласи картичката и ќе може да купи смао дизел гориво. Не може да повлекува пари, не може со неа да плаќа за други производи од пумпата“, вели Николче Бабовски, директор на Плтежна Агнеција.

Најмалата сума на каритчките ќе биде 500 денари, највисоката 100.000 денари. Кој колку пари ќе добие ќе зависи од повришините што ги пријаввил и културите кои ги обработува. Надлежните апелираат земјоделците кога ќе ги добијат картичките најпрво да ја проверт сумата која им е ставена на располагање и да споредат со таа која им е одобрена во решенијата.

„Земјоделците ќе добиваат по 30% од сумата која ја трошат за гориво“, вели министерот за земјодлество, Трајан Димковски.

Од Макпетрол велат дека со 125 бензински низ цела држава се единстевени кои можат да излезат во пресрет на земјоделците.

„Преку овој прокет ќе заживеат и некои непрофитни безниснки во руралните средини“, вели директорот за големо продажба на Макпетрол, Зоран Доневски.

Проектот зелена нафта беше предизборно ветување, ќе чини 3,2 милиони евра, а со него се опфатени 55.000 земјоделци.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content