Политика

Еве кој е бизнисменот кој бил рекетиран од Боки 13 во име на Катица Јанева!

Познатиот скопски бизнисмен Јордан (Орце) Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.

Камчев е сопственик на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, ЗИК Пелагонија и уште неколку успешни бизниси. Во минатото тој се поврзуваше со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Како што неофицијално дознаваме, Камчев го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда за случајот на СЈО “Империја” или 5 милиони евра за поблага пресуда.

Јовановски и Милевски, на Камчев успеале да му извлечат 1.5 милиони евра. Како што неофицијално дознаваме, во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуниникација и блиски односи. Во јавноста се шпекулира дека Камчев дури успеал и да ги сними рекетарите додека во неговиот дом од него изнудуваат пари. Овие снимки се наведуваат како главна причина поради која ОЈО го отвора случајот.

Непосредно откако му ги земале парите на Камчев, Јанева ја тргна мерката домашен притвор за него а подоцна и му го врати пасошот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content