Политика

(ВИДЕО) За каква грешка говорат Тамара и Владата: Тодевска испеа само една оригинална строфа – Вторите две строфи од химната во изведба на Тодевска се нови!

Многу прашина се крена за наводната грешка која Тамара Тодевска ја направила при сдиноќешното изведување на химната на Македонија на прославата на Денот на независноста, 4. јули во Американската амбасада.
Но, не би рекле дека станува збор за грешак бидејќи Тамара Тодевска ја испеа само првата строфа од оригиналниот текст на „Денес над Македонија се раѓа“ кој е прифатен за официјална химна на Македонија во 1991. година.
Тамара Тодевска се извини за ненамерната грешка:

Со свое видување на нештата излезе и Владата:
“Владата го честита националниот празник Ден на независноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се наведува во соопштението од Владата.

„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, гласи соопштението на американската амбасада.

Но, иако во овие три соопштенија се говори за ненамерна грешка сепак се чини дека е повеќе од грешка.
Ги преслушавме оригиналната химна, го прегледавме текстот и споредивме со тоа што го изведе синоќа Тамара. И наш став е дека не станува збор за ненамерна грешка туку обид за промена на химната, а можеби и не.
Впрочем, преслушајте ги двете изведби, споредете ги текстовите и сами донесете заклучок:

Оригинал химна испеана од 100.000 Македонци:

Тамара испеа:

Live from the official ceremony of the U.S. Independence Day celebration at the U.S. Embassy in North Macedonia. Thank you to contacts and friends for joining us this evening.

Gepostet von U.S. Embassy North Macedonia am Mittwoch, 3. Juli 2019

 

Оригинален текст од 1991.година:

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Тамара испеа на 3.07.2019:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Старо младо, машко и женско
на нозе се кренало
старо младо, машко и женско
на нозе се кренало.

Не плачи Македонијо, мајко мило,
крени глава гордо високо.
Македонија слободна,слободно живее
Македонија слободна,слободно живее!

Е, сега, ако две нови строфи се ненамерна грешка, простете ни на грешката!

Екран.мк/Г.О.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content