СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Битолската Психијатрија полна со пациенти со пост-ковид трауми

Се испразни Инфективното одделение во битолската болница, каде што во моментов лежат само двајца позитивни пациенти на ковид-19, но страшното е во тоа што сега се полнат останатите одделенија во болницата со пациенти кои ги мачат последици предизвикани по прележаниот вирус.

Најголем притисок, велат од битолската болница, се чувствува во Психијатриското одделение каде што покрај останатите проблеми, пациентите се соочуваат и со акутна деменција.

Имаме оптовареност на Психијатрија, но по оваа пандемија очекувано е да се појавот фобично-анксиозните состојби, паничните напади и слична патологија, која се јавува како последица на целокупната стостојба, но и пост-ковид состојби од аспект на психотични растројства и акутни дементни состојби – вели д-р Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница Битола.

 

Таа, која инаку е специјалист психијатар, вели дека ова се очекувани последици.

Се соочивме со нешто што е непознато. Требаше да функционираме со нешто што не ни е по волја, потоа следуваше периодот на изолации, страв од смртта и постојаната оптовареност со бројки и црна хроника. Ова е очекувано и допрва ќе ни се случува, од аспект на психолошки и психички растројства – вели д-р Гагачовска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content