Култура

Започнува Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019“

Во организација на Општина Велес, од вечерва до 6 јули, велешани ќе имаат можност на отворена сцена во Младинскиот парк да уживаат во фолклорна ризница на 16-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019″.

Организаторот најави богата програма од 17 ансамбли: единаесет од земјава и шест од странство од Италија, Полска, Република Српска – Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија.

Покрај осум ансамбли и групи од Велес, на фестивалот ќе настапат и ансамблите „Тиквеш” од Кавадарци, „Кочо Рацин” од Скопје и „Китка” од Ораовица – Радовиш.

Фестивалот почнува вечерва со традиционачното дефиле на учесниците низ велешките главни улици се до сцената во Младинскиот парк. Таму во 20.30 часот на свеченото отворање односно на првата од четирите фестивалски вечери ќе настапат домаќините од Фолклорниот ансамбл „Вила Зора”, а потоа фолклорните групи: „Санта Луција” од Сардинија –Италија, „Пржигда” од Полска и Х.Е.М од Турција како и КУД „Свети Сава” од Република Српска – БиХ.

Инаку годинава Општина Велес ИФФ го финансира од сопствениот буџет со 600 илјади денари плус уште 50 илјади од стопанственици во Велес и регионот.

Овој фоклорен фестивал со години наназад е на првото место по посетеност од бројна публика од сите возрасти, а од сите годишни културни настани во Велес. Воедно организаторите, во случај на врнежи од дожд, фестивалот ќе го преместат во Спортската сала „Гемиџии”.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content