Технологија

Какви промени ќе донесе 5Г мрежата

5G технологијата ќе отвори огромни можности за развој на бизнисот. Но, се очекуваат и отворање на потполно нови видови на компании, а со тоа и нови работни места. Токму информациите и нивниот трансфер се очекува да бидат најбараниот ресурс во следните неколку децении. 5G технологијата треба да ги подобри сите аномалии на денешните уреди и да постави нови граници во технолошкиот развој.

-Тоа е еден огромен, огромен автопат кој што ќе овозможи брзо транспортирање, моментално транспортирање на огромен број на информации на огромни далечини. Сетоа тоа ќе отвори можности за развивање на нови бизниси, на нови апликации, на можеби во овој момент тотално незамисливи сервиси, незамисливи идеи што ќе се реализираат во текот на дополнувањето и подобрувањето на концептот на 5G, вели универзитетската професорка Лилјана Гавриловска.

Токму развојот на оваа технологија е причина за трговската војна помеѓу САД и Кина. Американските компании се далеку зад кинеските, па затоа и трамповата администрација се обидува да го блокира нивниот развој. Сепак, на кинеските компании им се потребни одредени чипови кои се произведуваат само во САД за да можат да ја докомплетираат инфраструктурата. Меѓутоа, двете страни денеска потпишаа т.н. „прекин на огнот“.

-Тој што ќе доминира во 5G технологијата ќе има и доминантна улога во развојот на светот и доминација во бизнисите во светот. Тој што ќе го креира овој информациски автопат, тој што ќе го поседува, на некој начин ќе има можност и да доминира и со светот. Бидејќи информациите ќе бидат тој главен ресурс што ќе го движи ова столетие, вели Гавриловска.

Според проценките, државата која што ќе ја развие оваа технологија за половина милијарда евра ќе го зголеми својот Бруто домашен производ. Се очекува токму 5G да отвори околу 100.000 работни места кај победникот во трговската војна.

Во однос на пишувањата дека 5G штетно влијае врз животната средина и човекот, Гавриловска вели дека таквите тврдења се уште не се потврдени од Светската здравствена организација. Иако постојано се прават тестирања, сепак според неа, влијанието кое би го имало оваа технологија би било на долг рок, па евентуалните штети би се виделе по неколку години.

5G се очекува да почне да се користи од следната година, а Олимписките игри во Токио ќе бидат првиот голем настан кој ќе биде целосно покриен со оваа технологија.

Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content