СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Студентите мрзнат – нема парно во „Стив Наумов“

Неодамна добивме информација дека парното во студентскиот дом “Стив Наумов” не работи, реагираат од „Студентска ревплуција“ со допис до медиумите во кој споделуват и комуникација со студентите кои се жалат дека веќе три – четири дена немаат греење.

На студентите станари во студентскиот дом “Стив Наумов” им е кажано дека парното во втора ламела нема да биде поправено. Ова претставува значителен предизвик и проблем, особено кога се приближуваат постудените месеци. Итно бараме ваша помош за ширење на овие информации до пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат свесни за ситуацијата за да може да се преземат соодветни мерки за навремено решавање и отстранување на проблемот со греењето, пишува во дописот потпишан како „Студентска револуција“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content