Спорт

Македонија во група со домаќинот Австрија, Чешка и Украина

Одлична група за ракометната репрезентација на Македонија за Европското првенство што ќе се одигра од 9-26 јануари наредната година во Австрија, Норвешка и Шведска.

По извлекувањето вечерва во Виена нашата репрезентација се најде во група со домаќинот Австрија, Чешка и Украина, селекции со кои можеме да се надигруваме и да обезбедиме едно од првите две места во Б-групата кои водат во следната фаза.

Група А: Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија

Група Б: Чешка, Австрија, МАКЕДОНИЈА, Украина

Група Ц: Германија, Шпанија, Летонија, Холандија

Група Д: Норвешка, Франција, Португалија, Босна и Херцеговина

Група Е: Данска, Унгарија, Исланд, Русија

Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Според познавачите наизрамнета е Е-групата во која ќе играат селекциите на Данска, Унгарија, Исланд и Русија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
Skip to content