СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка

„Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во пресрет избирањето Комесар за човекови права во Европа.

Николоски потенцира дека својата поддршка ќе ја даде за кандидатот кој ќе се заложи за спроведување на пресудите кои се поврзани директно со правата на Македонците во делот на самоидентификација.

„Тројцата ги прашав истото прашање со цел да одлучам кого од овие три кандидати би поддржал, а тоа е што прво ќе направат, за заштита на човековите и малцински права на македонското малцинство во Бугарија, во Грција имајќи предвид дека правата на овие две малцинства се сериозно загрозени, односно дека Македонците во Бугарија и Грција не можат да го користат својот мајчин јазик во образованието, немаат права да се здружуваат нити во здруженија на граѓани, нити во политички партии, уште помалце имаат право да се искажуваат себе си како Македонци. Исто така тројцата ги прашав и што ќе направат за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, а кои пресуди се во директна надлежност на Комесарот за човекови права во Европа“, вели Николоски.

За оваа тема Николоски објави видео на својот Фејсбук профил:

Борба за заштита на Македонците во Бугарија и Грција.
👉 Во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права.
📌Мојата порака до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа: Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка, напиша Николоски.

Тројцата кандидати се од Бугарија, Австрија и Ирска.

Николоски додава дека ќе продолжи со силен притисок врз овие три кандидати до изборот на еден од нив на јануарската сесија на Парламентарното собрание во Стразбур со цел правата на Македонците и во Бугарија и во Грција да бидат заштитени согласно Европската Конвенција за човекови права како и Повелбата за малцински јазици и Повелбата за заштита на националните малцинства кои всушност ги има донесено Советот на Европа, а ги има поддржано и Европската Унија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content