Политика

Бавноста на ЕУ го насочува Западен Балкан кон нови партнери

Доколку Европската Унија (ЕУ) не го забрза процесот за проширување на Западен Балкан, шесте земји од регионот, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово би можеле да започнат да разгледуваат други алтернативи во надворешната политика. Ова пренасочување на соработка би значело подобрување на односите со Кина, Русија, Турција, и земјите од Персискиот Залив, пренесува „ЕУроактив“, повикувајќи се на извештајот на Советодавната група за јавна политика  Балкан во Европа (БИЕПАГ).

Според извештајот, тенденцијата на земјите на Балканот да градат нови врски со други партнери се резултат на бавниот и тежок процес на интеграција во ЕУ. Довербата за проширување и пристап на нивните земји во ЕУ, кај граѓаните од Западен Балкан, е навистина разнишана, според информациите од балканскиот Барометар од 2018 година. Анкетите покажуваат дека 26 отсто од граѓаните на Западен Балкан веруваат дека нивната земја никогаш нема да пристапи на Унијата.

Внатрешните проблеми во шесте земји, како недостатокот на демократија, етничкитетензии, корупцијата и недостатокот на спроведување на законот, им даваат аргументација на европските политичари да бидат скептични за проширувањето, како што е францускиот претседател Емануел Макрон, кој отворено се спротистави на проширувањето во блиска иднина.

Од друга страна, владите на земјите од Западен Балкан, беа отворени за нови инвеститори во регионот, без оглед на врските и усогласеноста на нивните проекти со политиките на ЕУ.

Разлилчните региони привлекуваат различни геополитички актери, често под влијание на историските или религиозни врски. Кина главно се фокусира на економски врски, додека Русија и Турција прават поголеми напори за градење на политички и општествени врски.

Ниту еден од клучните геополитички играчи отворено и директно не го саботираат пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но сепак, овие шест земји би можеле да фукнционираат како „тројански коњи“ во надворешната политика и да претставуваат можност за дестабилизација за пристапувањето во иднина, стои во извештајот.

– Македонија и Црна Гора се во слична позиција, со што фокусот на Русија е на православното христијанско население. Директните интервенции на Русија во внатрешната политика на овие две земји тешко може да се докаже, но за време на преговорите за промената на името меѓу Скопје и Атина, имаше обвиненија дека Руси се обидувале да го саботираат договорот. Претходно, еден од најевидентните примери за руско вмешување беше и државниот удар во Црна Гора во 2016 година, кој се смета беше обид за саботажа на нивниот влез во НАТО – се наведува во извештајот.

Турција, пак, цели на турското и муслиманското малцинство во двете земји. Анкара нуди стипендии, поддржува студентски размени и извезува турски серии кои ја промовираат турската култура и го слават минатото на Отоманската империја. Дополнително, Турција и Црна Гора кои се членки на НАТО, исто така имаат соработка со одбранбената индустрија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content