СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Од денеска, на отворено, започнува Саемот на книгата 2021

На отворено кај Аква паркот во близина на А1 Арена во Скопје денеска почнува Саемот на книга 2021. Покрај изложбено-продажниот дел, организаторите во текот на саемските денови од 8 до 14 септември, најавуваат и 33 промоции на нови дела и автори.

Во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од  Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, а покрај промоциите, ќе има и големи саемски попусти до 70отсто.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции можат да се видат на следниот линк: https://bit.ly/3DTDPUs

Саемот за книга ќе се одвива на отворено, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години билетот чини само 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content