Спорт

Тргнува ловот на најдобриот во НБА лигата

Најдобриот кошаркар во финалната серија од НБА лигата, Каваи Ленард одлучи да не го продолжи договорот со Торонто за дополнителна една сезона и стана слободен играч.

Доколку се согласеше да ја активира клаузулата од договорот, Ленард ќе добиеше 21.3 милиони долари, но сега е во можност да заработи двојно повеќе.

Речиси сите 30 екипи во НБА лигата се надеваат дека ќе успеаат да го намамат Ленард во своите редови, но според извори блиски до кошаркарот, тој ќе разговара само со пет екипи, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Њујорк никс, Њу Џерси нетс и Торонто репторс кој може да му понуди најдобри услови.

Токму Торонто, го направи првиот потег, тие веќе подготвија понуда тешка 190 милиони долари за пет сезони, а медиумите во САД сметаат дека шампионот има најголеми шанси да дојде до потписот со Ленард.
Останатите четири екипи највеќе што можат да му понудат е четиригодишен договор вреден 141 милиони долари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content