Спорт

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за Лигата на шампионите

Европскиот ракометен првак Вардар од првиот барабан ќе ги чека можните противници во групната фаза од ЛШ во сезоната 2019/2020. Заедно со „црвено-црните” е и францускиот ПСЖ, а тоа значи дека, барем во оваа фаза од натпреварувањето, двата тима ќе бидат во различни групи.

Во оваа фаза од ждрепката нема да биде дозволено во иста група да има два тима од иста земја.

Тоа значи дека Веспрем и ПИК Сегед, Флензбург и Кил, Монпелје и ПСЖ нема да може да бидат во иста група.

Првакот од 2018 година, Монпелје пример ќе биде во група со Вардар за да се избегне ПСЖ.

Ждрепката ќе се одржи вo четврток од 18 часот:

Барабан 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција).

Барабан 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија).

Барабан 3: Флензбург (Германија), Келце (Полска).

Барабан 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска).

Барабан 5: Пик Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина).

Барабан 6: ППД Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција).

Барабан 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија).

Барабан 8: Кил (Германија), Целје (Словенија).

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content