Економија

Јавен повик за од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ќе соопшти детали за јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година. Повикот е за угостителските објекти од туристичките центри низ земјава кои се заинтересирани да им овозможат одмор на работниците со ниски примања. Програмата, објавена во Службен весник на 23 јануари годинава, е проектирана на 20.000.000 денари.

– За надминување на ефектите на социјалната исклучивост на лица со ниски примања и стимулирање на развојот на туризмот во земјава вон туристичката сезона, Министерството за економија организира одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари. Одморот ќе биде организиран во угостителските објекти за сместување во туристички центри надвор од местото на живеење на лицето-подносителот на барањето, во период од не повеќе од пет дена, стои во Програмата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content