Спорт

Финале на Лигата на шампионите само на најголемите стадиони

За мечот во Мадрид имавме 62.000 билети и 980.000 барања. Ако, на пример, се играше на „Вембли“, ќе имавме уште 30.000 билети. Веројатно дека финалето на Лигата на шампионите како врвен настан треба да се игра само на врвни места. Моето размислување сега е дека треба финалето да се игра на поголеми стадиони, дури и ако одиме на истите четири-пет места. Кога станува збор за другите финалиња, тие треба да се споделат со другите што го сакаат фудбалот, ја пренесе британскиот „Дејли меил“ изјавата на претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, кој зборуваше на универзитетот „Оксфорд“.

Според неофицијалните податоци, најголемите фудбалски стадиони во Европа според капацитетот се „Камп ноу“ во Барселона со 99.354 места и „Вембли“ во Лондон со 90.000 седишта, а повеќе од 80.000 места имаат, на пример, стадионот на Борусија во Дортмунд, потоа „Сан Сиро“ во Милано, „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, „Лужники“ во Москва, „Стад де Франс“ во Париз, итн.

Од другите стадиони во Европа со капацитет поголем од 80.000 места, но на кои не се игра фудбал, се „Крок парк“ во Даблин, Република Ирска (82.300) и „Твикенхам“ во Лондон, Англија (80.000). Сезонава финалето на Лигата на шампионите се играше во Мадрид, на стадионот „Ванда Метрополитано“ со капацитет од 68.000 места.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content