Економија

Колку денови имате за одмор, како да ги искористите?

Најмалку 20, а најмногу 26 работни денови годишен одмор му следуваат на секој работник. Големината на одморот се уредува со Колективен договор, но доколку тој не постои, тогаш во сила влегуваат законските одредби и тогаш максималниот број денови е 26, тврдат експертите.

Иако во светот е пракса годишниот одмор да се земе одеднаш, кај нас често тој се дели. Работникот за време на летото е обврзан да земе одмор од две недели.

-Останатиот дел од годишниот одмор може да се користи на начин на кој што ќе се договорат работникот и работодавачот. Секако, тоа треба да се земат предвид и семејните потреби на работникот и работните и професионалните потреби на работодавачот. Да се најде баланс. Впрочем, во таа насока оди и директивата на Европската унија која што во делот на годишните одмори упатува на избалансиран пристап помеѓу потребите на работниците и потребите на работодавачите, вели универзитетскиот професор, Лазар Јовевски.

Според Јовевски, годишниот одмор не смее да се компензира. Односно, газдата не смее да му ги плати тие денови на работникот, а тој да не ги искористи. Сите денови кои според Закон или Колективен одмор му следуваат на работникот – тој мора да ги искористи.

-Мора да се искористи годишниот одмор. Не може ниту работникот да се откаже од правото на годишен одмор, ниту работодавачот да му го ограничи правото на годишен одмор. Тој мора да се искористи до 30 јуни следната година доколку еден дел е искористен во тековната, тврди Јовевски.

Сепак, Јовевски вели дека во пракса постојат многу случаи каде не се почитуваат регулативите.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content