СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Струмичките земјоделци предупредуваат дека производството е нерентабилно

Состојбата со градинарството во моментов е хаотична,  а голем дел од производството се продава по нерентабилни цени, реагираат дел од градинарските здруженија од Струмичко. Според Драги Памуков од Кукла Градинар, најголемиот дел од културите  имале  цени кои се далеку под трошоците кои ги прават  за производство. Голем удел во ваквата состојба имале и високите цени на репроматеријалите неопходни за да се произведе одредена култура.

Од Кукла градинар апелираат до надлежните да реагираат и да преземат соодветни мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат градинарските производители. Сметаат дека намалување на цените на репроматеријалите значително ќе ја подобрат состојбата.

Според земјоделците нивните проблеми,  пред се со ниските откупни цени значително ќе се  намалат доколку државата им помогне и на извозниците, посебно во изнаоѓањето на нови пазари. Продажбата на македонските земјоделски производи  во регионот била се потешка поради сопственото производство во државите кои до сега беа наши традиционални пазари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content