Локално

Продолжува реставрацијата на манастирот Трескавец

При крај е обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп. Според сегашната динамика на работа се очекува тие да бидат готови до 21 септември или празникот Мала Богородица, која е и слава на манастирот. Но за жал сеуште нема ништо конкретно околу изградата на водоводот. Доколку не се донесе вода манастирот нема да може да прима посетители ниту да се направи технички прием.

„За да биде се готово мора да биде завршен и проектот за водоснабдување на манастирот бидејќи без тој проект неможеме ниту да ги пуштиме во употреба конаците“, истакна отец Калист, монах кој живее на Трескавец.

„Манастирот сега ќе биде заштитен со хидрантска мрежа, за која е потребна ова вода за која разговараме, а ќе има и систем за гас. Сега привршуваме полека со столарските работи, ентерииерот, кои се уметнички и бараат повеќе време“, рече Никола Ѓулизибариќ, раководител на проектот.

Од Општината велат дека конкурирале со проект за водовод до Владата кој би чинел 6 милиони денари, но не знаат дали тој ќе биде прифатен. Исто така освен водоводот проблем е и изградбата на пречистителната станица.

„Во проектот е предвидена пречистиителна станица за само 5 луѓе. Сега ние правиме напори со Министерството за култура да се изработи проект според сите стандарди кои би ги задоволиле потребите на посетителите или да се изработи пречиистителна страница за околу 100 луѓе“, рече Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Огромен проблем е и конзервацијата и реставрацијата на црквата која потекнува од 12 век. Нејзината заштита се најавува со години, но засега ништо од тоа. 800 години старото и непроценливо богатство се распаѓа пред нашите очи. Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека годинава завршувале истражувачките работи, а в година конечно ќе се започнело со конзервацијата. Манастирот денеска го посети и заменик министерот за култура Владимир Лазовски кој не сакаше да даде изјава за медиумите околу проблемите и проектите за Трескавец.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content