Технологија

Една од најдобрите iOS 13 функции: Ве заштитува од непознати повици!

Доколку често имате проблем со непознати или т.н "spam" повици, iOS 13 нуди одлично решение за вас.

Новиот оперативен систем на Apple, iOS 13, доаѓа со опција која автоматски ги игнорира непознатите повици и ги праќа директно кон гласовното сандаче. Според компанијата, кога функцијата е вклучена, уредот со помош на Siri овозможува добивање повици само од броеви кои се наоѓаат во вашите контакти, пораки или e-mail адреси. Сите други повици се директно игнорирани.

Се разбира, ќе имате можност да одлучите дали сакате да ја користите функцијата или не. Можеби ова не е најдобрата заштита од непознати броеви доколку работите некоја професија со која често треба да разговарате со нови луѓе и контакти кои не се во вашиот именик. Но, и во тој случај повиците не се избришани, туку до нив може да стигнете преку гласовното сандаче.

Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content